• Саше Љолес
Џорџ Расел триумфираше на денешната спринт трка во Формула 1 за Големата награда на Холандија. Возачот на Мерцедес стартуваше од пол-позицијата и успеа да ја задржи предноста до самиот крај.
Второто место му припадна на Шарл Леклер од Ферари, додека трет заврши Ландо Норис од Мекларен. Во Топ-8 се пласираа уште Кими Антонели, Оскар Пјастри, Макс Верстапен, Луис Хамилтон и Пјер Гасли.
По спринтот, Антонели останува лидер во генералниот пласман со 224 бода, пред Хамилтон со 171 и Расел со 168.
Квалификациите за главната трка се возат денеска од 16:00 часот, додека Големата награда на Холандија е закажана за утре од 15:00 часот.