Доминација каква не се памети: 11-та пол-позиција за Маркез во Сахсенринг

Марк Маркез ја продолжува својата доминација на патеката Сахсенринг. Шпанскиот мотициклист повторно беше најбрз на квалификациите пред утрешната Мото ГП трка за Големата награда на Германија, со што ја запиша својата 11-та пол-позиција на оваа патека, десетта во низа.

Маркез повторно ја убедлив начин стигна до најполовна позиција пред утрешната трка, а зад себе го остави Габио Квартараро, додека трет заврши Маверик Вињалес.

За актуелниот шампион ова е 57 пол-позиција во кариерата, а до истата се избори со време од 1:20,195 минути. Трката за Големата награда на Германија на програмата е утре од 14:00 часот.