Доминација на Мерцедес во Бахреин, проблеми за Фетел

Пилотите на Формула 1 тимот, Мерцедес продолжуваат да доминираат оваа сезона, откако на денешниот слободен тренинг за големата награда на Бахреин, ги зазедоа првите две позиции. 

Овој пат Нико Розберг беше поуспешен од својот клупски колега, бранителот на титулата, Луис Хамилтон. На првиот тренинг кој се одржа утринава зад нив се најдоа Кими Раиконен и Даниел Рикардо, додека во попладневниот тренинг Батон и Верстапен.

Возачите на Ферари не се прославија на овој тренинг, а Себастијан Фетел поради проблем со задниот лев пневматик мораше предвреме да ја заврши втората сесија. Третиот тренинг на програмата е утре со почеток од 14.00 часот, додека три часа подоцна се закажани квалификациите.