• Мартин Танасковски
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го освои првото место на трката за Големата награда на Бахреин во Формула 1.
Пјастри беше најбрз во квалификациите и стартуваше од првата позиција, па потоа рутински ја доведе трката до крај со сигурна победа и прво место.
Возачот имаше дури 15 и пол секунди предност пред второпласираниот Џорџ Расел од Мерцедес, додека третото место му припадна на Ландо Норис од Мерцедес.
Членот на Ферари, Чарлс Леклерк, заврши на четвртото место, Луис Хамилтон дојде до петто место, додека шестата позиција му припадна на актуелниот првак Макс Верстапен од Ред Бул.
Следната трка во Формула 1 ќе се вози во Саудиска Арабија, на 20 април.