Дома си е дома: Оливеира најбрз во Португалија, првакот Мир не заврши

Порутгалскиот возач Мигел Оливеира тргна од првата позиција и ја задржа до крајот на трката која се возеше за ГН на Португалија во рамки на МотоГП шампионатот.

Оливеира, кој ги брани боите на КТМ, заврши на челната позиција, пред Франко Морбидели од Јамаха и Џек Милер од Дукати. Интересно е што актуелниот првак Жоан Мир од Сузуки не ја заврши трката и се откажа на десет круга пред финишот.

Легендите во МотоГП, пак, беа под просекот. Марк Виљалес е 12-пласиран, Валентино Роси заврши на 13-тата позиција, Фабио Квартараро на 14-тото место.

Трката во португалски Алгарве беше последна за оваа сезона.