„Доктор“ Роси во новата сезона ќе вози за тим од Малезија

Италијанската МотоГП легенда Валентино Роси во новата сезона ќе има нов тим затоа што по долго време си заминува од Јамаха.

41-годишникот возеше за фабричкиот тим на Јамаха од 2014 година, но останува без место во екипата. Следна дестинација ќе му биде приватниот тим Петронас Јамаха од Малезија, која му понудила договор за следната сезона, со можност да биде продолжен до 2022 година.

Клупски колега ќе му биде Франко Морбидели. Популарниот „Доктор“ најави дека нема намера да се пензионира, иако е во години и да вози уште најмалку една сезона.

Италијанската легенда е во МотоГП од далечната 2002 година, а зад себе има седум шампионски титули. Последната сезона Роси ја заврши на седмото место во генералниот пласман.