• Саше Љолес
Директорот на Ред Бул Рејсинг, Кристијан Хорнер, изјави за германските медиуми дека нивниот возач, Макс Верстапен, е нешто невидено во светот на Формула 1 циркусот и е пресреќен од неговиот досегашен учинок.
Холандскиот возач несопирливо „лета“ кон одбрана на титулата во најпрестижното авто-мото натпреварување, а директорот на клубот е под огромни импресии од неговата работа и вели дека е „нешто незамисливо“.
„Некој да ми кажеше дека во нашиот тим повторно ќе има возач со ваков учинок, ќе мислев дека само мечтае и нема допир со реалноста. Да победиш на девет трки по ред, тоа е нешто навистина незамисливо. Знам дека се случувало и порано, но во овие времиња на модерна технологија и силни мотори, навистина е за секоја почит.
Макс го сруши израмни рекордот на Себастијан (Фетел) од 2013 година, но мислам дека нема да запре тука. Можеби е малку неблагодарно кон другите тимови, но мислам дека тој може да победи на сите трки до крајот. На тој начин, ќе влезе во „недопирливите“ и тешко дека некој ќе успее во догледно време да го повтори овој успех“, заклучи Хорнер.
Макс Верстапен на трката за Големата награда на Холандија стигна до деветтиот последователен триумф сезонава, а вкупно единаесетти во Ф1 календарот. Следната трка ќе се вози за Големата награда на Италија и тој повторно е прв фаворит за највисокото место на подиумот. Во моментов има предност од 138 бодови пред второпласираниот Серхио Перез.