Директорот на Ферари: Добро е што Фетел си заминува

Директорот на Ферари Скудерија, Матија Бриното, изјави дека е добро што тимот се раздели со Себастијан Фетел, кој се уште чувствува страст за Формула 1.

Германецот си оди од италијанскиот тим и се чека на одлука за неговата иднина, а на негово место во италијанскиот тим доаѓа младиот шпански возач Карлос Сајнц.

„Мислам дека разделбата е правилна и за него и за нас. Фетел е одличен возач, мина шест години во Ферари и сигурен сум дека ќе направи добар избор. Постоеше обострано разбирање пред раделбата. Ние сме во добри односи. Тој има страст за формула 1. Не се сомневам дека ќе има добри резултати и во иднина“, изјави директорот на Ферари.

Ферари со Сајнц и Леклер ќе има најмлада постава меѓу возачите од 1968 година.