Деновите на Верстапен во Ред Бул се одбројани, Ферари и Мерцедес чекаат

Холандскиот возач Макс Верстапен е пред истек на договорот со Ред Бул и многу веројатно ќе ја менува средината во новата сезона.

Како можни две дестинации се споменуваат екипите на Ферари и Мерцедес. Возачот ќе може да преговара со нови клубови само ако не забележи победа до трката за ГН на Унгарија во август, нешто што се очекува да се случи, според блиски извори на возачот.

Во Ферари тој би пристигнал како замена за Себастијан Фетел, кој не успеа да ја донесе посакуваната титула на Маранело. Во Мерцедес, пак, се зборува дека евентуален ангажман на Верстапен би бил на местото на Ботас, но прашање е како Тото Волф ќе го вокомпонира Холанѓанецот со актуелниот шампион Луис Хамилтон.

21-годишниот Верстапен во Ф1 е активен од 2015 година, а возеше за Скудерија Торо Росо и Ред Бул.