Дебакл за Саинц, Ал Атијах и Прајс пак најбрзи на Дакар

Насер Ал Атијах ја запиша втората етапна победа по првите три дена на релито Дакар, оставајќи ги зад себе Хенк Латеган и Стефан Петерхансел. Возењето во Вади Ад-Давасир беше со должина од 629 километри, од кои 403 специјални, а Катарецот пак беше најбрз. 

Петерхансел ја одржа предноста во генералниот пласман пред Ал Атијах, а Карлос Саинц го промаши патот и заврши дури 21 со задоцнување од 31 минута. Така, на третата позиција се проби Серадори. 

Во конкуренцијата на мотоцикли, Тоби Прајс беше најбрз и стигна до втора победа на овогодинешното издание. Тој заврши пред Бенавидес, Вокнер и Хоувс кој го презеде првото место на ранкингот.