Давидовски го оствари најдобриот резултат во кариерата во ТЦР

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски имаше одличен настап во ТЦР-шампионатот на трката во Франција и го оствари најдобриот резултат во кариерата.

Давидовски со својата „Хонда Цивик“ заврши на четвртата позиција, што е негов највисок дострел во натпреварувањето. Првото место му припадна на Џими Кларе од Франција, а по него завршија Микел Аскона од Шпанија и Сами Тауфик од Мароко.

Давидовски во генералниот пласман има вкупно 48 поени. Следната трка во ТЦР-шампионатот ќе се вози во Холандија (19 и 20 јуни).