Давид Малиновски со премиерна победа на TWINGO CUP

По доминацијата на Мартин Делев изминатите три трки, денес на патеката „Ушче“ во Белград триумф на Давид Малиновски во рамки на TWINGO CUP.  Малиновски до победата дојде со вкупно време од 33:18,951 минути, пред Емил Нацка, кој доцнеше само 0,226 секунди. Место на подиумот имаше и за третопласираниот Слободан Трајковски.

Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишираше на четвртото место, додека петти беше Иван Стефановски. Тројца возачи не ја завршија трката, а тоа се Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски. 

TWINGO CUP продолжува со петтата трка сезонава, а ќе се одржи во Кичево од 20 до 22 септември.