Петручи во супер-драматична трка ја освои „Муџело“, Роси губитник на денот

Италијанскиот мотоциклист Данило Петручи е победник на МотоГП трката за ГН на Италија која се возеше на патеката „Муџело“.

Во една супер-возбудлива трка, домашниот мотоциклист запиша победа пред Марк Маркез и Андреа Довициозо. Тројцата менуваа водство во последните три круга, а во клучните моменти најдобвар беше Петручи кој мина како лидер низ целта.

Најголем губитник на денот е Валентино Роси, кој не успеа да ја заврши трката. Возачот на Јамаха речиси секогаш имал добар пласман на „Муџело“ која е една од неговите најомилени патеки, но, овој пат падна и не успеа да заврши.

Лидер во генералниот пласман е Марк Маркез со 115 бода, пред Довициозо со 103 бода, а потоа следи Алекс Ринс со 88 бода. Денешниот победник Данило Петручи е на четвртото место со 82 бода.

Следната трка во МотоГП шампионатот се вози во Барселона.