• Сашо Поповски

Шпанскиот мотоциклист во екипата на Хонда, Дани Педроса, се најде на листата на даночната управа на Шпанија, како должник на околу осум милиони евра на име данок.
Возачите од Мото ГП, често знаат да се најдат на ваквите листи. Пред неколку години и Валентино Роси мораше да плати дури 35 милиони евра на Италија, Лорис Капироси плати два милиони, Марко Меландри има условна затворска казна од 19 месеци, а случајот со Макс Биаџи сеуште трае. На листата има и други спортисти, меѓу кои и бившиот фудбалер на Барселона, Габриел Милито, и поранешниот претседател на Реал Мадрид, Карлос Санс.
30-годишниот Педроса, во изминатиот Мото ГП шампионат заврши на четвртото место, забележувајќи две победи, во Јапонија и Малезија.