ВИДЕО: Дали е ова најбавниот судир во Формула 1?

За време на квалификациите за трката за Големата награда на Белгија се случи ретко видена сцена. Ова веројатно беше најбавниот судир во Формула 1, бидејќи се случи при поаѓање и тоа во боксот.

На стартот на квалификациите Ленс Строл не сакаше да попушти и да му даде простор на Нико Хулкенберг да се приклучи во низата, па двајцата го имаа најбавниот судир. 

Од случката повеќе настрада Хулкенберг бидејќи Строл му прејде преку левиот дел на предното крило. Поради тоа во тимот на Заубер мораа да го сменат крилото. 

На крајот Хулкенберг успеа да се избори за 14. стартно место, додека Строл ќе тргне последен на утрешната трка.