„Да се биде подобар од четирикратен светски шампион не е мала работа“

Хамилтон Леклерк

Чарлс Леклерк испиша историја и ја запиша првата победа во кариерата во Ф1 шампионатот. Младиот талент, кој е дел од екипата на Ферари, се искачи на највисокото место на пиедесталот во Белгија и одново покажа дека се наоѓа во подобра форма од неговиот клупски колега Себастијан Фетел.

Комплименти на сметка на пилотот од Монако пристигнаа и од страна на бранителот на титулата Луис Хамилтон.

„Неговите резултати зборуваат доволно. Не е лесно еден возач да биде лидер на својата екипа, особено не во тим како Ферари и против четирикратен светски првак. Тоа не е лесно да се направи.

Ако се земе предвид дека немаше среќа на неколку трки оваа сезона, може да се заклучи дека неговата иднина во спортот е светла. Очекувам да напредува во иднина и едвај чекам повторно да возам против него“ , речи Британецот.

Леклерк и понатаму заостанува зад Фетел во генералниот пласман. Германецот по 13 извозени трки има 12 бода предност.