ВИДЕО: Чудесна трка за Маркез, трофејот од Малезија во рацете на Вињелас

Маверик Вињелас и Марк Маркез ја одбележаа денешната трка од Мото ГП шампионатот на патеката „Сепанг“, која се возеше за Големата награда на Малезија. 

Шпанските возачи утрово доминираа на патеката, откако Вињелас по фантастична трка во која беше на чело од првиот до последниот круг стигна до нова победа во својата кариера, додека големиот шампион заврши на второто место, иако стартуваше од 11-та позиција, поради вчерашниот пад во квалификациите. 

На третото место заврши Андреа Довициозо, додека поранешниот првак Валентино Роси се пласира на четвртата позиција.

Во генералниот пласман Маркез е убедлив лидер и нов шампион со 395 бода, дури 139 повеќе од второпласираниот Довициозо.