Членовите на МК Мотори како дедомразовци на мотор ќе делат подароци

Дедо мраз на мотор

Mото клубот Мотори од Скопје подготвува несекојдневно изненадување за најмладите во домот „Димитар Влахов“ во Скопје. Имено членовите на овој клуб ќе направат обиколка на Скопје облечени како Дедо Мраз, а потоа ќе поделат новогодишни пакетчиња за најмладите.

Со Игор Џамбазов како поддржувач на клубот, манифестацијата треба да добие и забавен тон, а минатата година кога премиерно беше организирана, имаше преку 100 најмлади подржувачи на мото-спортот и брзината, кои добија подароци. Голем дел од нив се дел од семејствата на членовите на клубот, кој е еден од подобро организираните и поуспешните во нашата земја.

За време на викендот планираната е уште една новогодишна манифестација со Дедо Мраз во главна улога. Имено втора година по ред, дедомразовците ќе трчаат атлетска трка за признанието најбрз Дедо Мраз во Македонија.