• Мартин Танасковски
Информациите за разделбата на Макс Верстапен со Ред Бул стануваат се погласни, иако Холанѓанецот има договор со тимот до крајот на 2028 година.
Советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, искрено призна по трката во Бахреин дека постои реална опасност Макс да си замине, а на 27-годишниот возач му е се потешко да ја сокрие нервозата и фрустрацијата поради тимските неуспесите оваа сезона.
Медиумите велат дека постојат четири тима кои би можеле да бидат заинтересирани за Верстапен. Тоа се Мерцедес, Астон Мартин, Мекларен и Алп.
Секако и Ред Бул ќе направи се за да го задржи Макс барем до крајот на договорот, но тоа ќе зависи од перформансите на тимот, како што признаа газдите на поранешните светски шампиони.