Четири сценарија: Како Верстапен може до титула во Саудиска Арабија?

Холандскиот Ф1-возач Марк Верстапен се бори за првата титула во историјата, има предност од осум бода во однос на актуелниот првак Луис Хамилтон, а уште овој викенд во Саудиска Арабија може да стане шампион, ако работите се поклопат.

До крајот на сезоната има уште две трки, а Верстапен може да биде шампион на една пред крајот во случај на четири сценарија.

  • Ако Верстапен победи со најбрз круг, а Хамилтон заврши шести или подолу
  • Ако Верстапен победи, а Хамилтон заврши седми или подолу
  • Ако Верстапен заврши втор со најбрз круг, а Хамилтон е десетти или подолу
  • Ако Верстапен заврши втор, а Хамилтон не освои бодови

Трката за ГН на Саудиска Арабија се вози в недела од 18:30 часот, а квалификациите се ден претходно од 18:00 часот.