• Иван Димовски
Веројатно најпрепознатливото име во Формула еден дефинитивно е Михаел Шумахер. Германската авто-мото легенда повеќе од една деценија е во кома, откако во декември 2013 година имаше незгода на скијање на францускиот дел од Алпите. Од септември 2014 година за него се грижи семејството во домашни услови.
Најблиските на Шумахер организираа аукција на која продадоа осум рачни часовници кои легендата ги носеше во животот. Вкупната сума од продажбата на часовниците достигна 4,4 милиони долари. Најскапо беше продаден часовникот кој Шумахер го доби како подарок од поранешниот директор на Ферари, Жан Тод, а достигна сума од 1,6 милиони долари.
Михаел Шумахер замина во пензија од Формула 1 во 2012 година. Тој е на делба на врвот со Луис Хамилтон по бројот на титули (имаат по седум), а остави неверојатен печат врз спортот.