Бузалковски и покрај падот дојде до втората национална титула во мотоциклизам

Христијан Бузалковски, кој е член на тимот Seventy One Team, викендов се натпреваруваше во Бугарија, на националниот шампионат и БМУ Европскиот шампионат. Иако на првиот тренинг Бузалковски имаше тежок пад и ја повреди раката ногата и вратот, Бузалковски се врати и продолжи со возењето.

Македонскиот мотоциклист не се откажа и остана до крај да се бори со своите конкуренти. Бузалковски дојде до две први места во националниот шампионат и деветто место во БМУ Европскиот шампионат.

„Многумина на мое место ќе се откажеа и немаше да настапат на трките овој викенд. Возев со огромни болки, бидејќи на моторот све работиме со рацете и целиот терет е на нив. Првата трка ја извозев со големи болки. но бидејќи повредата беше сеуште топла успеа да извозам во некое побрзо темпо. Следното утро кога станав од спиење не можев да ја мрдам раката и болките беа огромни. Ја стартував трката но со огромно пазење да не паднам па да завршам со огромни последици. Првите пет круга се чуствував добро но како одминуваа круговите болките енормно растеше. На четири круга пред крајот болката беше не поднослива,болеше толку многу до степен на плачење, но сепак не ми беше во план да се повлечам во боксот,извозев до крај и успеав да ја освојам Македонската титула по вторпат, и да завршам на деветто место во БМУ Европскиот шампионат“, изјави Бузлаковски.

Оваа активност е последна од календарот на националната мотоциклистичка федерација.