Бугарите Динев и Нејков победници на вториот „Macedonian trophy“

Љубен Динев и Димитар Нејков од Бугаријата се победници на вториот меѓународен натпревар со џипови - „Мacedonian trophy“ што се одржа викендов на полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово крај Прилеп.

Второто и тертото место го освоија Пламен Исајев и Кирил Киров, односно Јордан Стајков и Стефан Иванов, исто така од Бугарија. Во категоријата „адвенчр“ победници се Ивица Јакимоски и Јован Мрда од Македонија.

Македонското трофи меѓународно натпреварување ја има подршката од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, а уште еднаш се покажа дека авантуристичкиот туризам привлекува голем број посетители во нашата земја.