Бројката се зголемува: Наредната Формула 1 сезона ќе се возат рекордни 23 трки

Ф1

Формула 1 шампионатот наредната година ќе брои рекордни 23 трки, беше објавено на официјалната веб страница.

Оваа сезона се закажани 22 трки. Планот на челниците е во 2022 година на календарот да се додаде уште еден настан.

Претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали, објави дека е неопходно да се изберат добри термини за се фати „вистински ритам“ и логистички да се обезбеди правилен тек на натпреварувањето.

Претстојната сезона се очекува да започне во средината на март, а да заврши во ноември.