Бриаторе: Ако јас го водев Ферари немаше да го доведам Хамилтон!

Големиот трансфер во Формула 1 се реализира, Луис Хамилтон повеќе не е возач на Мерцедес и ја очекува новата авантура во редовите на Ферари. 

На оваа тема зборуваше контроверзниот Флавио Бриаторе. Поранешниот директор на смета дека потписот на италијанскиот тим со британскиот возач е грешка. 

„Навистина ќе биде чудно да се види Хамилтон во црвениот болид на Ферари. Ја почитувам оваа одлука, ама се прашувам дали има смисла. Ферари имаше одличен тандем со кој заостана само 14 поени во битката за конструкторската титула. Одлуката е нивна, тие стојат зад неа. Јас би рекол дека ако бев на челно на Ферари немаше да го доведат Луис Хамилтон“, изјави Бриаторе.

Во Ферари британскиот седумкратен светски првак ќе го замени Карлос Саинц кој замина во Вилијамс.