• Иван Димовски
Четирикратниот победник на релито Дакар и бранител на титулата од минатата сезона, Карлос Саинц реши да се повлече по крајот на втората етапа оваа година.
Искусниот Шпанец се преврте со својот автомобил „Форд Раптор“ во неделата, а поради големата штета беше приморан да се повлече. Превртувањето нанесе штета на повеќе делови од автомобилот како откинување на хаубата, ветробранското стакло и кровот, а оштетен беше и кафезот за безбедност.
Саинц ја заврши втората етапа и стигна до целта, ама имаше сериозно заостанување, па тоа комбинирано со штетата го натера на радикален потег.
„Крај на авантурата за четирикратниот победник на Дакар и бранителот на титулата, Карлос Саинц и неговиот совозач Лукас Крус. Оштетувањето на „рол-барот“ (заштитниот кафез) го примораа да се повлече од релито.
Се гледаме наскоро кралу Карлос“, напишаа организаторите.
62-годишникот беше еден од фаворитите во пресрет на релито на кое четири пати беше првак со различни автомобили.