• Зоран Мишевски
Браќата Маркез доминираа на трката за Големата награда на Аргентина, во втората трка од новата сезона во МотоГП. Како и на отворањето на сезоната, победи Марк, а Алекс беше втор. На најниското скалило на пиедесталот се искачи возачот на ВР46 тимот, Франко Морбидели.
Осумкратниот светски шампион ја забележа својата деведесетта победа во кариерата и се израмни со сонародникот Анхел Нието. Пред нив се само Џакомо Агостини со 122 триумфи и Валентино Роси со 115 победи.
Новиот возач на Дукати, Марк Маркез има максимални 74 бода на врвот во генералниот пласман, помладиот Маркез е втор со 58, а ги следи Бањаја со 43 бода.
МотоГП шампионатот продолжува со Големата награда на Соединетите Американски Држави во Остин од 28-30 март.