Ботас за нијанса побрз од Верстапен за крај на тестовите во Барселона

Ботас Валтери

Валтери Ботас од Мерцедес заврши на првата позиција во последната тест-сесија одржана во Барселона.

Финецот зад себе го остави Макс Верстапен од Ред Бул, а трето најбрзо време постигна Даниел Рикиардо со Рено. 

Следуваа Чарлс Леклерк и Луис Хамилтон, кои се меѓу фаворитите за шампионската титула во новата сезона. 

Следува пауза од две недели, а потоа официјално ќе започне сезоната со трката во Австралија на 15 март.