Ботас слави во Остин, Хамилтон по шести пат е светски првак во формула 1

Не можеше сценариото да биде поидеално за тимот на Мерцедес на трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави во формула 1. Валтери Ботас победи на патеката во Остин, а Луис Хамилтон и математички ја осигура шампионската титула.

На пет круга пред крајот Ботас успеа да го мине Хамилтон и да стигне до победа и највисокото место на пиедесталот. Хамилтон одолеа на налетот на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој го комплетираше триото на подиумот.

Себастијан Фетел поради проблеми со болидот не успеа да ја заврши трката.

До крајот на Светскиот шампионат следуваат трките во Бразил и Абу Даби.