Ботас одново најбрз во Сочи за втора сезонска победа во Формула 1

Валтери Ботас стигна до нова втора победа на патеката во Сочи во Формула 1, откако беше најбрз и зад себе ги остави Макс Верстапен и Луис Хамилтон во трката за Големата Награда на Русија. 

Финецот уште на самиот старт иако тргна како трет го мина Верстапен, а потоа ја искористи казната од десет секунди во боксот која ја доби неговиот тимски колега. Ботас ја презеде лидерската позиција и не ја пушти до самиот крај. 

Пласман на подиумот запишаа Макс Верстапен како втор и Луис Хамилтон како трет, додека зад нив се пласираа Серхио Перез, Даниел Рикиардо, Шарл Леклер, Естебан Окон, Даниел Квијат, Пјер Гасли и Алекс Албон.