Ботас не греши двапати и доминантно славеше во Баку

Валтери Ботас успеа да триумфира на четвртата овосезонска трка на Формула 1 шампионатот, која се возеше за Големата награда на Азербејџан. 

Финецот на уличната патека во Баку дојде до својата втора победа оваа сезоната, а петта во кариерата, откако зад себе го остави тимскиот колега Луис Хамилтон (+1.524), додека место на пиедесталот имаше и за Себастијан Фетел од Ферари. 

За разлика од ланската трка, во која токму Ботас во самиот финиш остана без победа, денешната беше многу мирна и речиси да немаше ниту едно поголемо возбудување. 

Со овој триумф во Баку, Ботас се врати на лидерската позиција во генералниот пласман, со еден бод повеќе од Хамилтон, а шампионатот продолжува за две седмици кога е закажана трката за Големата награда на Шпанија.