Ботас ќе тргне прв во Сакир, Расел блескаво го замени Хамилтон

Ништо ново не донесоа квалификациите за трката за ГН на Бахреин, затоа што Мерцедес повторно ги освои првите две челни места и ќе тргне од стартниот грид во новата трка оваа сезона.

Валтери Ботас беше најбрз во квалификациите во Сакир и на првото место заврши пред клупскиот колега Џорџ Расел, кој имаше извонредно возење и заврши со 26 стотинки помалку од ривалот и достојно го замени Луис Хамилтон.

Третата позиција му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, со 56 стотинки помалку од лидерот, а потоа следат Чарлс Леклерк, Серхио Перез, Дани Квјат, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Пјер Гасли, Ленс Строл...

Трката за ГН на Бахреин се вози утре (недела) од 18:10 часот.