Ботас ќе тргне од првиот ред во Остин, Хамилтон дури петти

Валтери Ботас ќе тргне од најдобрата позиција на утрешната трка за ГН на Соединетите Американски Држави во формула 1. Тој на патеката во Остин ги извозе квалификациите најбрзо, откако четири возачи имаа подобро време од ланскиот рекорд на патеката.

Ботас во болидот на Мерцедес беше побрз од Себастијан Фетел, а од вториот ред че тргнат Верстапен и Леклер. Светски првак Луис Хамилтон утрешната трка ќе ја започне од петтата позиција и постојат неколку опции уште утре да се радува на светската титула. 

Калкулации на Хамилтон за ГН во САД:

станува шампион ако се пласира меѓу првите осум, без разлика на пласманот на Ботас
станува шампион ако е 9-ти или 10-ти, ако Ботас не победи на трката
станува шампион ако не освои бодови, а Ботас е второпласиран или со полош пласман

Трката во Остин се вози утревечер по средноевропско време. Ако не успее во Соединетите Американски Држави, Хамилтон ќе има шанси и во Бразил и во Обединетите Арапски Емирати.