Ботас ја освои Турција, Верстапен го презеде водството од Хамилтон

Ботас

Валтери Ботас е победник на трката за Големата награда на Турција. Финецот со својот Мерцедес заврши на врвот на пиедесталот и успеа да донесе нова победа за својата екипа.

Втората позиција му припадна на Макс Верстапен, кој сега е нов лидер во генералниот пласман. Третата позиција ја пополни Серхио Перез, клупскиот колега на Холанѓанецот во Ред Бул.

Трката ја одбележа долждливото време, што беше можност за различни тактики на екипите. Луис Хамилтон долго време возеше со почетните гуми. На крајот мораше да влезе во боксот, па тоа го плати со пад на петтата позиција.

Одлична трка запиша Чарлс Леклер со Ферари, кој во финишот загуби чекор со Перез.

Следната трка е закажана за 24 октомври на патеката во Остин, Соединетите Американски Држави. Верстапен ќе патува со шест бода предност пред Хамилтон.