Ботас искрен: Мислам дека сум подобар од Хамилтон...

Ботас

Валтери Ботас минува уште една сезона во сенка на клупскиот колега Луис Хамилтон. Вториот возач на Мерцедес одлично си ја извршува работата и прави напори да помогне тимот да ги исполни зацртаните цели од пред стартот на новата сезона.

Финецот неодамна даде интересна изјава која ја разбранува јавноста. Тој смета дека има поголеми квалитети од Британецот, кој е на чекор до историска седма светска титула.

„Морам да мислам дека сум подобар од Луис. Во мене верувам дека тоа е факт и дека можам да бидам подобар од него. Секако дека има денови кога тој ги покажува своите квалитети. Последните неколку сезони му припаднаа него и за тоа мора да му се честита. Јас сум задоволен од моите успеси, имам одличен ритам на трките и тоа ме радува“ , вели Ботас.

Понекогаш финскиот пилот мора да ги слуша тимските наредби и да биде дел од тактиката. Тоа на моменти му носи полоши резултати од заслужените, но тоа е жртвата која прифати да ја прави кога се согласи да биде дел од Мерцедес.