Ботас и Верстапен најбрзи на првите два тренинзи во Унгарија

Ботас

Макс Верстапен ја победи конкуренцијата на првиот слободен тренинг на патеката „Хунгароринг“.

Холанѓанецот избори најбрзо време, пред ривалите од Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

Обратна беше ситуацијата на вториот тренинг. Финецот заврши на првото место пред својот клупски колега, а младиот возач на Ред Бул им гледаше во грб.

Тропските температури се проблем за возачите непосредно пред трката овој викенд. Тие се пожалија дека во болидите се прави неподнослива жештина и тоа се очекува да одигра улога во неделната трка.