Ботас и Хамилтон доминантни во Баку, разочарувачки квалификации за Леклерк

Валтери Ботас победа

Драматичните квалификации на патеката во Баку донесоа пол-позиција за Валтери Ботас.

Финецот од редовите на Мерцедес зад себе го остави клупскиот колега Луис Хамилтон. Тие ја потврдија доминацијата на екипата на стартот од тековната Ф1 сезона.

Третото место му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, а разочарување на денот беше младиот Чарлс Леклерк. Тој ги заврши квалификациите во втората фаза кога се удри во страничниот дел од патеката и го уништи болидот.

Четвртата трка за ГН на Азербејџан се вози утре, а главни фаворити за триумфот се Ботас и Хамилтон.