Ботас го менува Раиконен во Алфа Ромео!?

Ботас

Валтери Ботас нема иднина во Мерцедес, пишуваат светските медиуми. Финецот од наредната сезона ќе менува екипа.

Според последните информации, се очекува тој да седне во болидот на Алфа Ромео. Таму ќе го замени неговиот сонародник Кими Раиконен. Исто така се шпекулира дека местото на Серхио Перез во Ред Бул не е сигурно. Шпанецот ќе мора да го поправи впечатокот во вториот дел од сезоната, или тој ќе биде заменет со вториот возач на Мерцедес.

Одлуката на Ботас ќе зависи од неговите приоритети. Дали сака конечно да биде прв возач, или да продолжи како човек кој ќе им помага на најдобрите пилоти во Формула 1 шампионатот.

Финецот има 31 година и досега девет пати се радувал на победи во најсилното автомобилистичко натпреварување на светот.