Ботас доминантно до третата пол-позиција во низа

Валтери Ботас

Финецот Валтери Ботас докажа дека се наоѓа во фантастична форма и ја освои третата пол-позиција во низа.

На патеката во Барселона, вториот возач на Мерцедес оствари време од 1.15:04 минути и зад себе го остави својот клупски колега Луис Хамилтон.

Третото место му припадна на Себастијан Фетел од екипата на Ферари.

Трката за ГН на Шпанија се вози утре со почеток од 14:00 часот.