Борба за местото на Лоренцо: Кој ќе го наследи Шпанецот во Хонда?

Хорхе Лоренцо

Трикратниот светски првак Хорхе Лоренцо е во најлошиот дел од својата кариера во Мото ГП шампионатот.

Шпанскиот возач ги разочара челниците на Хонда и запишува резултати кои се далеку од очекувањата на екипата. Се шпеулира дека тој би можел да не го исполни договорот до крај.

Истиот истекува во 2020 година, а има неколку кандидаи кои би го замениле, доколку се одлучи за овој чекор.

Јохан Зарко и Кал Крачлоу се имињата кои се вратат во Мото ГП светот во последните неколку недели. Французинот е изразит фаворит и би требало да добие шанса пред возачот од Велика Британија.

Откако пристигна во Хонда, Лоренцо е во сенка на Марк Маркез, кој не му дава никаква шанса за блесок.