• Иван Димовски
Болидот на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер ќе се најде на аукција.
Се работи за болидот „Ферари 248 Ф1“ со кој Шумахер ја забележа последната победа во кариерата во Кина во 2006 година. Во таа сезона германскиот возач имаше пет победи и седум пати беше на подиумот.
Во моментов болидот е во сопственост на приватен колекционер кој во 2007 година го купи директно од Ферари. Сега истиот оди на аукција и е во беспрекорна состојба. Се очекува сумата за продажба да надмине 10 милиони евра и веројатно да постави нов рекорд. Најскап болид на Ферари кој е продаден за 11,4 милиони долари е оној од 2001 година, меѓутоа се очекува границата да се помести.
Инаку, Михаел Шумахер повеќе од десет годии е далеку од очите на јавноста откако едвај преживеа тешка несреќа на скијање во Франција.