Блесок на Антонели и во Мајами за трета врзана победа во Ф1

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е победник на трката за Големата награда на Мајами, четвртата во сезоната. Антонели со тоа постигна неверојатен успех, запишувајќи ја третата последователна победа во Формула 1.

Одличниот возач на Мерцедес претходно славеше во Јапонија и Кина и неговата сезона од соништата продолжува. Во својот болид, иако пријави некои проблеми кон средина од трката, Антонели успеа да излезе како победник по бројните битки со големата конкуренција. 

На второто место заврши Ландо Норис во Мекларен, додека најниското место на пиедесталот му припадна на Оскар Пјастре.

Првите десет ги комплетираа: Џорџ Расел, Макс Верстапен, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Франко Колапинто, Карлос Саинц и Александар Албон.