• Иван Димовски
Првите два тренинзи во пресрет на трката за Големата награда на Австралија понудија интересни сцени.
Имено, во текот на првата сесија дојде до црвено знаме откако Алекс Албон заврши во бариерите. Тој загуби контрола врз својот болид, заврши во оградата и го скрши возилото. Вилијамс соопшти дека нема доволно време за репарирање за болидот, а исто така во Мелбурн допатувале без резервен болид.
The moment Alex Albon brought out the red flags #F1 #AusGP pic.twitter.com/Osz5naXKQR
— Formula 1 (@F1) March 22, 2024
Поради тоа, Вилијамс реши дека до крајот на викендот Албон и покрај својата грешка ќе вози, меѓутоа во болидот на тимскиот колега Логан Сарџент. Албон е без конкуренција прв возач на тимот, минатата сезона освои 27 од 28 бода за својот тим и неговиот профил е доста повисок од оној на Американецот, па поради тоа доби привилегиран однос.
Што се однесува до самите тренинзи, на првиот најбрз беше Ландо Норис пред Макс Верстапен и Џорџ Расел. Од друга страна, на вториот тренинг се истакна Шарл Леклер со најбрз круг, пред Верстапен и тимскиот колега Карлос Саинц.