• Мартин Танасковски
Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфира на трката за Големата награда на Бразил, втората трка од овогодинешното првенство во Мото ГП, откако водеше од почетокот до крајот.
Италијанецот ја освои својата четврта победа по ред на патеката „Аиртон Сена“, приклучувајќи се на листата на само неколку возачи кои успеале да го сторат тоа, вклучувајќи ги Валентино Роси, Марк Маркез и Хорхе Лоренцо.
По осми пат во кралската класа, Бецеки се најде на највисокото скалило на подиумот, а целта ја помина со три секунди предност пред клупскиот колега Хорхе Мартин. За Шпанецот, ова е прв подиум откако се префрли во Априлија, но и прв по 500 дена, поточно откако ја освои титулата во ноември 2024 година.
На третото скалило на подиумот се искачи Фабио ди Џанантонио од тимот ВР46, кој го победи бранителот на титулата Марк Маркез во борбата за подиумот. Пред почетокот, беше донесена одлука трката да се скрати од 31 на 23 круга поради деградацијата на патеката.
Благодарение на победата, Бецеки дојде до првото место во генералниот пласман со 56 бода, Мартин е втор со 45, додека Акоста падна на третото место со 42 бода. Следната трка од шампионатот на МотоГП е закажана од петок до недела за Големата награда на САД во Остин.