Батон: Да ја заборавиме првата година на Хонда, наредната ќе бидеме многу подобри

Џејсон Батон- Мекларен Хонда

Мекларен имаше големи проблеми на почетокот на новата ера со Хонда оваа година, а на повеќето трки, Батон и неговиот тимски колега Фернандо Алонсо останаа без освојување на бодови.

„Знаевме дека нè чека тешка сезона и последните трки беа навистина тешки. Но, ништо не го промени моето размислување за следната сезона“, вели Батон, и додаде: „Сите ние сакавме да се покажеме во подобро светло, и се обидуваме да напредуваме низ текот на годината, бидејќи следната  ќе биде уште повозбудлива за нас. Оваа сезона е тест за нас, на некои трки бевме добри, на некои разочаравме, но главно го тестиравме болидот и се надеваме дека следната сезона нема да се повторат проблемите што ги имавме со моторот, шасијата и аеродинамиката. Во секоја трка имавме нови делови, за вас се незабележителни, но ние многу научивме“.

Оваа сезона Формула 1 шампионатот завршува со трката в недела, во Абу Даби.