Бастијанини го истурка Мартин за првото место, Дукати е конструкторски првак

Енеа Бастијанини беше „среќен добитник“ во завршницата на трката за Големата награда на Емилија Ромања, за својата четиринаесетта победа во Мото ГП кариерата. 

Италијанскиот возач беше доста храбар и во последниот круг го мина Хорхе Мартин, откако во еден свиок не заврте туку продолжи право и практично го истурка лидерот од патеката. И покрај тоа, реакција од стјуардите немаше и Бастијанини ја прослави победата. Тоа значеше дека Дукати си ја обезбеди конструкторската титула во Мото ГП и јубилејни стоти триумф. 

Губитник на денот беше шампионот Пеко Бањаја, бидејќи на неколку кругови пред крајот доживеа пад и не ја заврши трката. Така му дозволи на Мартин да се одлепи на 24 бода на водечката позиција во поредокот на возачите. 

Во зоната на бодови завршија Марк Маркез, Бецеки, Морбидели, Вињалес, Квартараро, Еспаргаро и Алекс Маркез.