Барселона ќе менува кривина за поголема безбедност на возачите

Мото ГП

Организаторите на трката во Барселона во рамки од Мото ГП шампионатот потврдија дека ќе направат промени на патеката, во пресрет на новата сезона во 2021 година.

Се работи за острата кривина број десет на која во неколку наврати изминатите години имаше поголеми инциденти. По судирот на Хорхе Лоренцо во 2019, Валентино Роси побара да се разгледа измена на овој дел од патеката.

„Не знам зошто ја имаме таа кривина. Таа не е за Мото ГП трки, повеќе е наменета за Ф1 болиди. Затоа е полесно да се случат инциденти на тоа место“ , рече Италијанецот.

Новиот изглед ќе биде изработен во јануари и претставен за јавноста непосредно пред почетокот на сезоната. Се очекува возачите да добијат поголема безбедност во годините кои доаѓаат, со оваа постапка на организаторите.

Траката за ГН на Каталуња е закажана за викендот 4-6 јуни.