Бањаја под дејство на алкохол направил сообраќајка на Ибица

Бањаја

Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја направил сообраќајна несреќа за време на одморот на Ибица.

Членот на Дукати бил дел од инцидент кој се случил во раните утрински часови. Полицијата пристигнала на местото на настанот и утврдила дека Италијанецот бил под дејство на алкохол. Возилото на Бањаја излетало надвор од патот. По несреќата му бил извршен алкотест, кој кажал позитивен резултат.

25-годишникот оваа сезона во Мото ГП шампионатот оствари три победи. Моменталната пауза без трки ја користи за летен одмор на шпанскиот остров.