Бањаја побрз од Мартин на спринтот во Емилија Ромања

Франческо Бањаја е победник на спринт трката во Мото ГП за Големата награда на Емилиња Ромања. Италијанскиот возач со својот Дукати беше побрз од конкуренцијата за триумф во Мизано. 

На скратената и модифицирана спринт трка Пеко Бањаја имаше финално време од 19:50.237, оставајќи го зад себе лидерот во генералниот поредок Хорхе Мартин. Тој доцнеше минимални 0,285 секунди, а на третото место финишира Бастианини. 

Во бодови завршија уште Маркез, Акоста, Биндер, Квартараро, Бецеки и Морбидели. 

Со оваа победа актуелниот првак ја смали разликата на лидерот Мартин на само четири бода. Главната трка во Сан Марино се вози в недела од 13:00 часот.