Бањаја победи во Тајланд и опасно му се доближи на лидерот во Мото ГП

Франческо Пеко Бањаја стигна до деветтата победа сезонава во Мото ГП шампионатот, откако извозе најдобро време на трката за Големата награда на Тајланд. 

Италијанскиот возач ја комплетираше трката за време од 43:38.108 минути, оставајќи ги зад себе Шпанецот Хорхе Мартин и Педро Акоста од Ред Бул. 

Хорхе Мартин ја задржува лидерската позиција во генералниот пласман, но сега Бањаја опасно му се доближи и ја намали разликата на само 17 бода на две трки до крајот на сезоната. Шпанецот има 453 бодови, додека Бањаја сега има 436. 

Следната трка во Мото ГП е на програмата на 3 ноември и ќе се вози за Големата награда на Малезија.